АХВ уништи тон небезбедна „здрава храна” – 14 оператори работеле без регистрација

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) уништија 1.010 килограми небезбедна храна кај 14 оператори кои се претставувале како објекти за производство и промет со „здрава храна", а воопшто не биле регистрирани како оператори со храна. Во рамки на 373 контроли спроведени во текот на изминатата недела, утврдени се бројни неправилности, а издадени се казни во вкупен износ од 20.550 евра.

12

Најзагрижувачкиот наод од контролите е дека 14 оператори кои нуделе производи означени како „здрава храна” воопшто не биле регистрирани во системот на АХВ како оператори со храна – основен законски предуслов за вршење дејност во прехранбениот сектор.

Контролите открија широк спектар на прекршоци кај инспектираните објекти:

  • 9 оператори работеле во незадоволителни хигиенски и технички услови
  • 7 оператори имале храна со поминат рок на употреба
  • 2 оператори поседувале храна со целосно непознато потекло
  • 18 оператори имале несоодветно означена храна
  • 23 оператори имале вработени без спроведен задолжителен здравствен преглед
  • 2 оператори немале воспоставени процедури за добра производствена и добра хигиенска пракса
  • 2 оператори не ја извршиле задолжителната дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Казни од над 20.000 евра

За утврдените неправилности, инспекторите на АХВ издадоа вкупно 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни во вкупна вредност од 20.550 евра во денарска противвредност.

Македонски