Џелал Хоџиќ: Реалниот стандард на граѓаните спротивен на владините пораки
Лидерот на Странка за Демократска акција на Македонија, Џелал Хоџиќ упати реакција во однос на релативизирањето на ниските минимални и просечни плати како и за „убавиот живот“ во Македонија кој како погрешен наратив се почесто се употребува од страна на Владата.
И покрај интензивните пораки од владини претставници и провладини поддржувачи дека во државата „се живее убаво“, секојдневната реалност на граѓаните сè потешко се вклопува во таа слика. Во јавниот простор се засилија обидите за релативизирање на ниските минимални и просечни плати, преку настапи на ботови, поддржувачи и таканаречени експерти, кои на различни начини се обидуваат да ја ублажат перцепцијата за економските потешкотии.