Дел од Горно Соње без електрична енергија

12

Дел од корисниците во селото Горно Соње, општина Сопиште, денеска ќе останат без снабдување со електрична енергија.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД, прекинот во електроснабдувањето ќе биде во периодот од 9:00 до 12:00 часот.

Македонски