Се гласа Законот за прекршоци, ДУИ побара поединечно гласање
Пред малку македонското Собрание го стави на гласање Законот за прекршоци и го „усвои“ со 81 глас ЗА но пратениците на ДУИ побараа дополнително поединечно гласање.
По поединечното прозивање и гласање пратениците уште еднаш со 81 гласови „ЗА“ и 19 „ПРОТИВ“ го усвоија Законот за прекршоци кој е и клучниот закон за отпочнување со работа на системот „Safe City“ кој треба да стартува од први февруари.