СДСМ: Да ја прашаме ВМРО-ДПМНЕ што сега има да каже во врска со честитањето на нивниот Милорад Додик за Богојавление?
По обидот за исмејување на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дури и на голем верски празник Богојавление, бидејќи за ВМРО не постои свет ден, и по соопштението со кое беше објаснето дека ВМРО воопшто не ја познава православната традиција, следеше нов напад со навреди без никаква основа.
Ова е специфично за препишувачка школа на ВМРО и за нивните црни кампањи.
Дали сега може ВМРО да ни одговори дали нивниот Додик „е изгубен во простор и време“, дали е „Грегоријански Додик“?
Ааа, не може.
Затоа што Стоилковиќ, првиот човек на Мицкоски, слави со него и со Ноќните волци, па не им оди сега него да го напаѓаат за да докажат дека се во право.
Што правиме сега?
А да, не можат него да го обвинат ниту Ивона, Латас, Бетмен Велит…