Млади романци ограбиле златара во ГТЦ

13

Двајца романски државјани биле лишени од слобода веднаш по извршена кражба во златарница во трговски центар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Вчера во 12:10 часот, во трговски центар на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода В.Л.П. (19) и Ф.И.П. (19), двајцата државјани на Романија, поради сомнение дека извршиле кражба во златарница“, соопштија од МВР.

Според информациите, осомничените влегле во златарницата и побарале да разгледаат златен накит. Откако вработената извадила футрола со накит, тие со употреба на сила ја одзеле и побегнале.

По кратко време, по преземени оперативни мерки, осомничените биле фатени на излез од трговскиот центар. Кај нив биле пронајдени 43 парчиња златен накит, кои биле одземени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Македонски