СДСМ: Дали ЗНАМ ја доби првата рата тендери за предавството на Македонија?

9

Тендерот од 1,2 милиони евра од Пошта за фирма на советник на ЗНАМ е огромен скандал кој мора да биде целосно расчистен од Јавното обвинителство.

Фирмата претходно не ги исполнувала основните услови од тендерската документација, немала потребно искуство, ниту претходно реализирани договори од сличен обем, немала кадровски капацитет и соодветна техничка опременост. Го добива тендерот од 1,2 милиони евра преку групна понуда со подизведувач.

Само 20 дена откако го добила тендерот се менува сопственикот, ја презема советник од ЗНАМ во Кисела Вода.

Свиркачи доставија и детални информации како преку овој тендер се испумпуваат 300.000 евра годишно кои се јавно објавени од АКТ.

Зошто Јавното обвинителство не постапува?

Дали ЗНАМ ја доби првата рата тендери како „награда“ за предавството на Македонија?

После 161 тендер за една фирма вреден 5,3 милиони евра, тендерите од 9 милиони евра за фирмата со двајца вработени, тендерот за студентот на Мицкоски, сега уште еден тендер во низата.

СДСМ нема да запре.

Борбата против криминалот и корупција продолжува.

Работата не е завршена. Сите ќе одговарате!

Македонски