„Skopje City Mall“ е безбеден, дојавата за експлозивна направа е лажна

7

Пред околу половина час полициските службеници ги известија вработените дека објектот е безбеден и можат да се вратат на своите работни места.

После детална инспекција на целиот објект полициските сили заклучија дека дојавата за експлозивна направа во центарот е лажна со што се исполнети сите услови за безбедно враќање и отворање на молот.

Според информациите кои ги прибавивме во разговор со полициските службеници, ваквиот „тренд“ на лажни дојави последниве денови е се почест, пред неколку дена на „мета“ биле и „Ист Гејт“ како и „Дајмонд мол“.

Дојавата за поставена бомба во Сити Мол пристигнала на службената имеил адреса на Министерството за внатрешни работи по што веднаш биле упатени полициски сили на лице место.

 

Македонски