ЦУК: Состојбата стабилна по обилните врнежи, регистрирани одрони и неколку поплавени објекти
Состојбата во државата по обилните врнежи од дожд е стабилна, согласно најновите информации од Регионалните центри за управување со кризи (РЦУК) 7/24. Водостоите на водотеците се движат во рамки на нормалата, со благо покачување, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.
Во изминатите часови се регистрирани повеќе појави на терен и преземени се соодветни мерки:
-
Одрон на патниот правец Битола – Прилеп, кај селото Лознани. Известени се МВР – ПС Битола и ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта, подружница Битола.
-
Одрон од голем камен на патот Ресен – Охрид, во близина на Буково. Реагирано е од страна на МВР – ПС Ресен и надлежното јавно претпријатие.
-
Поплавен објект (фарма) во селото Породин, Општина Битола. Интервенирал штабот за заштита и спасување при општината.
-
Поплавена визба на ул. 24 бр. 10 во Битола.
-
Одрон на патниот правец с. Близанско – Македонски Брод, во должина од околу 15 метри. За настанот е известено ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта.
Од ЦУК информираат дека сите надлежни служби се координирани и активно постапуваат на терен до целосно нормализирање на состојбата.