Одрон го блокира патот Македонски Брод – Скопје, сообраќајот во целосен прекин

5

Сообраќајот на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје утрово од 08:40 часот е целосно прекинат, откако на делницата кај резерватот „Јасен“ се појавил одрон што ја затворил коловозната лента.

Надлежните служби веднаш биле алармирани и работат на расчистување на земјиштето и камењата од патната површина. Според информациите, по отстранување на одронот, сообраќајот ќе биде нормализиран.

Возачите се повикуваат на претпазливост и внимателно следење на упатствата од службите на терен.

Makedonski