Честитка по повод Денот на Уставот на Македонија

5

По повод одбележувањето на Денот на Уставот, 17 ноември, претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, преку видео-обраќање им упати честитка на граѓаните и апел за лојалност кон Уставот и исполнување на граѓанската должност кон татковината.

„По повод 17 ноември, денот кога пред 34 години беше донесен Уставот на Републиката, ве повикувам да му бидеме лојални на Уставот – тоа е наша должност. Силата на Уставот целосно лежи во посветеноста на секој граѓанин да го штити. Само ако секој од нас ја чувствува таа обврска, уставните права ќе бидат заштитени“, порача Костадиновски.

Тој потенцира дека изградбата на правна држава денес претставува врвен чин на патриотизам и љубов кон татковината, како и најсигурен начин да се зачува заветот на предците и да се обезбеди иднина за следните генерации во слободна, демократска и просперитетна држава.

„Ве повикувам, како генерација, на овој ден да ја исполниме нашата должност кон татковината“, додаде претседателот на Уставниот суд.

Makedonski