Уништени две руски ракети „Кинжал“ и 91 дрон во масовен ноќен напад

5

Украинските Воздухопловни сили утринава соопштија на „Телеграм“ дека во текот на ноќта биле соборени две руски балистички ракети „Кинжал“ и 91 беспилотно летало, пренесе Укринформ.

Според податоците, руските сили нападнале со три ракети „Кинжал“ и 135 дронови од типовите „Шахед“, „Гербера“ и други.

Украинската противвоздушна одбрана, вклучувајќи авијација, ракетни системи, единици за радиоелектронска борба и мобилни огнени групи, успеала да пресретне поголем дел од целите. Според првичните информации, соборени се две ракети „Кинжал“ и 91 дрон.

Украинските воздухопловни сили наведуваат дека една ракета и 41 дрон погодиле цели на 13 различни локации низ земјата и дека нападот продолжувал и во утринските часови.

Во Днипро, по удар со руски дронови, избувнале повеќе пожари, информираше шефот на регионалната воена администрација во Днепропетровск, Владислав Хајваненко.

Во нападите загинал 65-годишен маж. Пожарите зафатиле напуштена зграда и автомобил, а регистрирани се оштетувања на приватни објекти, петкатна станбена зграда, домови, гасовод и возила.

Во реонот Синелниково е повреден 52-годишен маж, а пожари причиниле штета на културен центар и неколку приватни куќи.

Македонски