Случајот „убиство во кафуле во Штип“ пред суд — првото рочиште закажано за 27 ноември
На 27 ноември во Основниот суд во Штип ќе почне судењето за убиството на турскиот државјанин во кафе бар на Градскиот плоштад „Слобода“. Предметот го води судијката Јулијана Недкова, а обвинети се пет лица — едно за убиство и неовластено држење на оружје, и четворица за помагање при извршување на делото.
Според Обвинителството, првообвинетиот 21-годишник без регулиран престој во земјата, купил полуавтоматски пиштол и на 8 мај во Штип извршил убиство на оштетениот, нанесувајќи му шест огнострелни повреди. Тројца други обвинети му обезбедиле логистичка поддршка, го превезувале и помогнале да се снајде со оружјето, а петтата обвинета му помогнала да избегне фаќање од полицијата по извршеното дело.
Обвинителството наведува дека при контрола на патарина „Миладиновци“, обвинетите се обиделе да избегаат, но биле брзо фатени и лишени од слобода. Судскиот процес ќе се одвива со цел да се утврди одговорноста на сите пет лица и да се изрече соодветна казна.