Албанскиот парламент усвои историски закон за родова еднаквост

4

Со 77 гласа „за“, 36 „против“ и ниту еден „воздржан“, албанскиот парламент доцна синоќа го усвои новиот Закон за родова еднаквост, чија цел е усогласување на националното законодавство со европските стандарди за човекови права и еднаков третман.

Според образложението, законот има за цел да обезбеди еднакви можности во вработувањето, образованието, застапеноста во процесот на донесување одлуки и заштита од дискриминација врз основа на пол.

Законот предвидува нови институционални механизми за следење и спроведување на принципите на еднаквост, како и јакнење на улогата на надлежните институции во заштитата на правата на жените и мажите.

Донесувањето на законот беше проследено со реакции од опозицијата и од верските заедници, како и со протести на дел од граѓанските здруженија, кои го оценија како „закана за традиционалното семејство“ во Албанија.

Makedonski