Променливо облачно време со сончеви периоди, вечерта дожд во северните делови

4

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта, во северните делови од земјата се очекуваат локални врнежи од дожд, проследени со слаб ветер од променлив правец.

Минималните температури ќе се движат од 4 до 9 степени, а максималните ќе достигнат меѓу 11 и 17 степени.

Во Скопје се очекува слично време – променливо облачно со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Од вечерва па сè до понеделник, под влијание на серија влажни воздушни бранови, ќе следува период на нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. На одделни места врнежите ќе бидат пообилни и поројни, а во текот на 24 часа се очекува да наврне значителна количина дожд.

Makedonski