Обвинителството истражува дали синоќа пронајденото безживотно тело на млада жена во Тетово има врска со евентуално насилство
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово спроведе увид на местото каде што вчера беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан каде што таа престојувала, соопштија од Обвинителството.
Според официјалните информации, се преземаат сите потребни истражни дејствија за утврдување на причините за смртта. На терен се вршат детални проверки и вештачења, а досегашните сознанија и траги не укажуваат дека станува збор за насилна смрт или кривично дело.
„Наредена е обдукција на телото, ќе бидат спроведени распити на повеќе лица, а Обвинителството во координација со другите истражни органи интензивно постапува за целосно расветлување на случајот,“ соопштија од Основното јавно обвинителство Тетово.