Кина ги суспендира дополнителните царини за американскиот увоз по средбата Си–Трамп

4

Кина ги суспендира дополнителните царини од 24 проценти за увозот на американски производи во наредната година, но ќе ја задржи стапката од 10 проценти, соопшти Царинската комисија на Државниот совет на Народна Република Кина.

Одлуката доаѓа неколку дена по состанокот меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп, на кој двете страни разговараа за намалување на трговските тензии.

Во соопштението се додава дека Кина ќе ги укине дел од царините до 15 проценти за американските земјоделски производи, почнувајќи од 10 ноември, како дел од мерките за стабилизирање на билатералните економски односи.

Кина е најголемиот светски купувач на земјоделски производи, а овој потег се гледа како знак за потенцијално затоплување на економските односи меѓу двете најголеми економии во светот.

Makedonski