Во вториот круг ВМРО-ДПМНЕ со 21 општина, СДСМ со 3, ВЛЕН со 4 освоени општини
Заврши и вториот изборен круг на локалните избори во Македонија со освоени:
- 21 општина со позитивен резултат за ВМРО-ДПМНЕ
- 3 општини за СДСМ
- 4 општини за ВЛЕН
- 1 општина за Унија на Роми
- 1 општина ЗНАМ
- 1 општина НАИ
- 1 општина независен Менди Ќура
Процесот на гласање помина во претежно фер и демократска атмосфера со неколку нерегуларности во текот на изборниот ден.
По завршувањето на изборите сите политички партии се заблагодарија на своите гласачи но од страна на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ беа и најавени реформи во самите раководства на партиите.
Акцент на Град Скопје, Кичево, Брвеница и Тетово
Во вториот круг од локалните избори со освоени 60.494 гласа за Град Скопје беше избран кандидатот Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатот за Кичево, Александар Јовановски освои 14.228 гласа и после 12 години се избори за градоначалничката позиција која изминатите години му беше наклонета на Фатмир Дехари од ДУИ.
Бурните предизборни денови во Брвеница и Тетово завршија со победа на кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски односно ВЛЕН и Билал Касами кои ги задржаа градоначалничките позиции со по уште еден мандат од нови четири години.