Историска победа на Шкендија во Конференциската лига

6

Македонскиот шампион Шкендија ја запиша својата прва историска победа во главната фаза на натпреварување под капата на УЕФА, откако во второто коло од Конференциската лига го совлада Шелбурн од Република Ирска со 1:0 (0:0).

Тетовскиот клуб одигра претпазливо во меч со малку шанси, но на крајот дојде до победа со многу среќа и борбеност. Гостите беа поблиску до водство кога Мартин во 66-тата минута ја погоди стативата, но исходот го реши автоголот на Берет во 92-та минута, кој им ја донесе трите бода на „црвено-црните“.

Со овој триумф, Шкендија испиша нова страница во својата историја и направи голем чекор напред во европската кампања.

Makedonski