Адеми: Не бараме избори за власт, туку за одраз на волјата на граѓаните

5

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и портпарол на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Арбер Адеми, изјави дека барањето за предвремени парламентарни избори не произлегува од желбата за власт, туку од потребата да се обезбеди институционална застапеност согласно волјата на граѓаните.

„Не бараме предвремени избори за ДУИ или НАИ да бидат на власт по секоја цена. Ако победниците се тие што моментално владеат, нека продолжат, но не како алатки на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Адеми.

Тој нагласи дека резултатите од изборите ја потврдуваат супериорноста на опозициската коалиција, поради што повторно бараат одржување на предвремени избори.

„Односот е 20 спрема 15 во бројот на пратеници во корист на НАИ. Затоа бараме предвремени избори“, истакна тој во изјава за ТВ Алсат.

Адеми додаде дека опозицијата од албанскиот политички блок значително ја зголемила својата поддршка, а резултатите од локалните избори, според него, се јасен сигнал дека граѓаните посакуваат политички и владини промени.

Makedonski