Приведен кавадарчанец поради уништување партиски плакати
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци ноќеска, на 18 октомври 2025 година, околу 02:45 часот, привеле 33-годишен жител од кавадаречко подрачје под сомнение дека, заедно со уште неколку лица, уништувал плакати на политичка партија во Кавадарци и околните населени места.
Како што информира МВР, лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.