На 20 октомври Комисијата ќе ги интервјуира кандидатите за судија во Европскиот суд за човекови права
Комисијата за избор на кандидатите од Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур ќе одржи седница на 20 октомври, во просториите на Уставниот суд. По седницата, како што соопштија од Судот, ќе се реализираат интервјуа со пријавените кандидати, кои ќе се одржат на англиски и француски јазик.
Од Уставниот суд информираат дека заради зголемување на транспарентноста во процесот, интервјуата ќе се одржат во присуство на независни набљудувачи.
„Комисијата одлучи интервјуата да се спроведат пред претставници на невладините организации ‘Коалиција сите за праведни судења’ и ‘Здружението на млади правници на Македонија’,“ велат од Судот.
На 8 октомври, Комисијата на втората седница одржана во Стразбур ги утврди кандидатите кои ќе бидат повикани на интервју. Потсетуваме, повикот за избор на кандидати од Македонија за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права беше објавен на 14 април во „Службен весник“.
Актуелниот судија на Македонија во Судот во Стразбур, Јован Илиевски, го извршува својот деветгодишен мандат, кој ќе заврши во февруари 2026 година.
 
			