Расте бројот на загинати и повредени во сообраќајната несреќа кај Сремска Митровица

7

Според последните информации, тројца лица загинаа, а повредени се 83 патници, кои биле работници на компанијата „Хелткер“.

Полицијата го уапси возачот Д.К. (70), осомничен за тешко дело против безбедноста на јавниот превоз. Тој ќе биде задржан до 48 часа и ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.

На местото на несреќата интервенирале повеќе екипи на брзата помош од Сремска Митровица, Рума, Инѓија и Шид, а дел од повредените се транспортирани со приватни возила во Општата болница во Сремска Митровица, каде што повеќемина се во стабилна состојба, а неколкумина со тешки повреди се оперирани.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во изминатите две години вршело три инспекции во „Сирмиум бус“, при што се откриени над 60 неправилности.

Makedonski