Тешка сообраќајна несреќа кај Сремска Митровица – двајца загинати и десетици повредени

5

Две лица загинаа, а околу 80 патници се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи во близина на Сремска Митровица, кога автобус на превозникот „Сирмиум бус“, кој превезувал работници на компанијата „Хелткер“, излетал од патот и се превртел.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија, несреќата се случила денеска околу 14:45 часот, под засега неутврдени околности.

Полицијата, екипите за итна помош и дежурниот обвинител на Основното јавно обвинителство во Сремска Митровица веднаш излегле на терен. Повредените лица се пренесени во Општата болница во Сремска Митровица, каде им се укажува лекарска помош.

Причините за несреќата се предмет на истрага.

Makedonski