Силна експлозија во станбена зграда во Букурешт – 13 повредени, два ката целосно урнати

5

Исклучително силна експлозија утрово ја потресе станбената зграда во Букурешт, при што 13 лица се повредени, а делови од објектот целосно се урнаа, јавуваат локалните медиуми.

Според првичните информации, експлозијата најверојатно е предизвикана од гас, а два ката на зградата се целосно урнати, додека оштетувања има и на останатите делови од објектот.

Поради силата на ударот, оштетено е и училиште кое се наоѓа во близина на местото на несреќата.

На терен се екипи на спасувачи и итна помош, кои ја пребаруваат урнатината во потрага по евентуално заробени лица.

Државниот секретар Раед Арафат изјави дека зградата е целосно евакуирана и упати апел до жителите да не се обидуваат да влегуваат во неа, поради висок ризик од дополнително уривање.

„Зградата е во опасност од колапс и е целосно евакуирана“, изјави Арафат.

Makedonski