МВР со засилени мерки за безбедно одвивање на локалните избори

7

Министерството за внатрешни работи, во пресрет на „Локални избори 2025“, континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.

Согласно направените проценки и воспоставените планови, на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир.

Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана преку стандардни материјално-технички средства, мобилни тимови и пунктовско работење, а ќе се користи и современа технологија – дронови за воздушна контрола, со цел побрза реакција и преземање соодветни мерки во случај на инциденти.

МВР упатува апел до сите граѓани и политички партии да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да се воздржат од какви било активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес.

Во текот на изборниот ден, Министерството најави дека редовно ќе ја информира јавноста за текот и одвивањето на изборниот процес.

Makedonski