Македонските ракометарки со пораз го отпочнаа патот кон ЕП
Македонската женска ракометна репрезентација со пораз ги почна квалификациите за пласман на Европското првенство 2026, откако загуби на гостувањето во Гумерсбах од домаќинот Германија со 34-18.
Германија веќе на самиот почеток со серија од 5-0 дојде до висока предност, која македонските ракометарки успеаја да ја намалат на 9-7 во 23 минута, но до крајот на полувремето домаќинот возврати со нова серија од пет голови за водство од 14-8.
Ризоска со осум и Младеновска со четири голови беа најефикасни во македонската репрезентација во која поради повреда отсуствуваше Ристовска.
Македонските ракометарки во второто коло ќе ја пречекаат репрезентација на Словенија, в недела во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.