Ангела Василевска е новата претседателка на Универзитетското студентско собрание на УКИМ
Ангела Василевска е избрана за нова претседателка на Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзиниот избор беше потврден на втората седница на Собранието, одржана вчера.
Василевска е студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), каде што студира на третата година, на смерот Примена на информациски технологии.
Нејзиниот мандат, како и мандатот на новиот состав на делегати, формално започнува на 1 ноември. Таа ќе го замени досегашниот претседател Александар Николовски, кој го предводеше Универзитетското студентско собрание во изминатите две години.
 
			