Во Охрид одбележани 730 години од храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“

8

Со Света Архиерејска литургија, вчера во Охрид беше одбележан јубилејот од 730 години од изградбата и живописувањето на храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“, еден од најзначајните духовни и културни споменици во Македонија.

Со литургијата началствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и епископите Хераклејски г. Климент и Стобиски г. Јаков.

На свеченото богослужение присуствуваа и претставници на Српската православна црква, меѓу кои главниот секретар на Синодот архимандрит Нектариј, директорот на Патријаршијата архимандрит Данило и протопрезвитер-ставрофор проф. д-р Владимир Вукашиновиќ, продекан за меѓународна соработка на Православниот богословски факултет во Белград.

Меѓу присутните беа и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, како и амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин, заедно со бројни верници кои го исполнија храмот во чест на големиот јубилеј.

Makedonski