Гроздановски знае како се пишува историја во Гент!
Македонската фудбалска репрезентација е во Гент каде денеска ќе го има тренингот на стадионот „Планет Груп“, каде утре националниот тим влегува во пресметката со фаворизираната Белгија за продолжување на мундијалскиот сон.
Кога сме кај Гент, вреди да се напомене дека тука добар меч од баражот за пласман во Лигата на Европа, одигра и Шкендија во 2016 година. Тетовци загубија со “тенки“ 2:1 и примија гол во 93 минута, но сепак во Скопје беа поразени со убедливи 0:4.