Експлозии во центарот на Париз – пожар избувна во близина на кабинетот на премиерот
Серија експлозии утрово го потресоа центарот на Париз, по што избувнал пожар во комбе паркирано во близина на канцеларијата на францускиот премиер, јавуваат тамошните медиуми.
Сведоци изјавиле дека слушнале три експлозии преку улицата од хотелот „Де Матињон“, официјалната резиденција на францускиот премиер.
Инцидентот се случил во момент кога премиерот Себастијан Лекорну требало да одржи серија состаноци, откако претходно ја поднесе својата оставка, пренесува британскиот „Мирор“.
На социјалните мрежи се појавија видеа од местото на настанот, на кои се гледа густ чад што излегува од комбе во сопственост на француска компанија за улично осветлување.
Во моментов, француските служби за итна интервенција се на терен и ја истражуваат причината за експлозиите. Засега нема информации за повредени лица.
 
			