Облачно и ветровито време со повремени врнежи од дожд
Денеска времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а ќе дува умерен до засилен, долж Повардарието и силен северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи меѓу 9 и 15 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде облачно со локални врнежи од дожд и умерен до засилен северен ветер.
Според прогнозите на метеоролозите, до среда ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи и студени утра. Потоа се очекува период на стабилно и суво време, со постепен пораст на дневните температури.