Променливото облачно време не ги премисли луѓето во голем број да излезат на улиците на Скопје и ги пречекаат своите пријатели, браќа и сестри, колеги.
Утрово официјално започна 21. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, на кој годинава учествуваат рекордни над 14.000 тркачи од 58 земји.
Атмосферата во Скопје е вистински празнична – улиците се исполнети со боите на стартните броеви, насмевки и аплаузи, а градот пулсира во ритамот на спортот и заедништвото.
Трките започнаа пред Собранието на Република Македонија, а целта за сите категории е поставена на Плоштад Македонија.
Денес на патеките низ Скопје трчаат маратонци, полумаратонци, штафетни тимови, како и учесниците на популарната Комерцијална банка 5K трка.
Организаторите очекуваат уште една незаборавна спортска приказна, исполнета со позитивна енергија, фер-плеј дух и гордост за сите кои го претвораат Скопје во град на трчањето.