Во Брвеница пронајден и запленет кокаин – уапсени две лица
Полицијата уапси две лица од Брвеница поради пронајден кокаин при преглед на автомобил.
На 4 септември 2025 година, околу 02:05 часот, кај клучката Брвеница, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишиле од слобода И.С. (23) и Н.С. (28), двајцата од Брвеница.
При преглед на патничко возило марка „БМВ“ со тетовски регистерски ознаки, кое го управувал И.С., а како сопатник бил Н.С., полицијата пронашла околу 100 грама кокаин, дигитална вага и пари.
Двајцата се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.