Поплави во Бугарија – едно лице загина, прогласени вонредни состојби

10

Обилни врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони на Бугарија, при што едно лице го загуби животот. Во општина Царево е прогласена вонредна состојба, додека во Бургас е воведена делумна вонредна состојба.

Според податоците, во Царево се измерени 220 литри дожд на метар квадратен. Автопатот „Хемус“ е затворен во двата правци заради чистење, а десетици населени места во северозападниот дел на земјата останаа без електрична енергија.

Надлежните служби спроведуваат евакуација на жители во повеќе општини.

Makedonski