Нова технологија: Плаќање со гестови наместо ПИН-код

5

Истражувачки тим од Универзитетот во Британска Колумбија развива технологија која би можела да ја замени потребата од внесување ПИН-код при плаќање со картичка. Наместо броеви, терминалите би препознавале потег на раката.

Методот се базира на радиосигналите што веќе се разменуваат помеѓу картичката и терминалот. Со додавање на мали калеми, уредот бележи ситни промени во магнетното поле, што овозможува препознавање на движења – како бришење во четири насоки, двоен допир или кратко поместување. Тестирањата покажале прецизност од над 90 отсто.

Главната предност е што корисникот не мора да го допира апаратот. За одобрување на трансакцијата е доволен само еден гест, што го намалува ризикот од ширење микроорганизми и го олеснува користењето за постари лица или лица со моторички потешкотии.

Истражувачите посочуваат и зголемена безбедност – за разлика од ПИН-кодовите, кои може да се дознаат, личните гестови се многу потешки за имитација.

„Интеракцијата преку потези може да понуди и дополнително ниво на заштита“, вели доктордандот Бу Ли, еден од авторите на истражувањето.

Системот моментално препознава девет различни движења со прецизност од околу 92 проценти. Иако некои гестови се потешки за регистрирање, проблемот може да се реши со прилагодување на терминалите.

Надградбата би чинела најмногу 20 долари по уред, а голем дел од постојните терминали имаат техничка можност за инсталација на оваа технологија.

Makedonski