Шест лица приведени за пребрзо возење на патот Тетово–Гостивар
На 21 септември 2025 година, полициските службеници од СВР Тетово привеле шест возачи поради безобѕирно управување со моторни возила, односно возење со двојно поголема брзина од дозволената на делницата каде што ограничувањето е 80 км/ч.
Во 14:25 часот кај наплатната станица Гостивар е приведен Н.Ј. (58) од с. Неготино, кој управувал „Ауди“ со гостиварски таблички со 158 км/ч. Пет минути подоцна, во 14:30 часот, е лишен од слобода Ќ.М. (66) од с. Дебреше, кој со „Фолксваген Кади“ со швајцарски ознаки возел со 167 км/ч.
Во 15:25 часот кај клучка Камењане е приведена Е.А. (29) од Тетово со „Голф“ (158 км/ч), а во 15:40 часот е приведен Н.Б. (30) од с. Синичане со „Мерцедес“ (151 км/ч).
Потоа, во 16:40 часот е лишен од слобода С.М. (30) од Гостивар, кој со „Пасат“ возел со 152 км/ч, а во 17:00 часот кај истата делница е приведен и Г.Н. (50) од Битола, кој управувал „Пасат“ со 152 км/ч.
Сите шест возачи биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци по член 297-а од Кривичниот законик – безобѕирно управување со моторно возило.