84-годишна скопјанка нападната пред локал во Центар

15

84-годишна жена од Скопје била тешко повредена откако вчера попладне била физички нападната од женско лице пред угостителски објект на подрачјето на Центар.

Од МВР информираат дека во 14 часот во СВР Скопје било пријавено од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив е донесена Е.Б. (84) со телесни повреди.

Случајот е пријавен во полиција и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Makedonski