Мирен протест во Скопје по повод шест месеци од трагедијата во „Пулс“
Вечерва со почеток во 20:06 минути се одржа мирен протест по повод шест месеци од пожарот во кочанска дискотека „Пулс“ во кој загинаа 62 млади души.
Забележителен беше револтот кај луѓето заради шестмесечниот молк на институциите и недонесувањето на конечна пресуда, а со тоа и одговорност за она што му се случи на Кочани и Македонија.
На протестот му претходеа информации и за притисоци од страна на една политичка партија која во истото време на одржување на мирниот протест истата свикувала состаноци по локалните организации се со цел да не дозволи своето членство да излезе на протестот кој се одржа на плоштадот „Македонија“.
На мирниот протест во Скопје учествуваа околу илјада луѓе, а во текот на денешниот ден и во Кочани се одржа „Маршот за ангелите“.

 
			