Премиери на „Јон Вардар против Галаксијата“ во Кина, Германија и Романија

10

 

Македонскиот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ во наредните недели ќе биде прикажан на три престижни фестивали, Меѓународниот филмски фестивал на патот на свилата во Кина, Фестивалот за детски и младински филмови Шлингел во Германија и Галактички Имагинариум во Романија.

Меѓународниот филмски фестивал на патот на свилата во Кина е еден од најголемите културни настани во Азија и вистинска раскрсница на светските кинематографии. На неговите досегашни изданија учествувале големи имиња како Лук БесонАсгар ФархаадиСофи Марсо. Амос Гитаи и Џеки Чен.

Со своето 30-то јубилејно издание, Фестивалот за детски и младински филмови Шлингел е еден од најголемите и најзначајни европски фестивали за детски и младински филм. Таму се прикажуваат внимателно селектирани остварувања што ја слават креативноста и разновидноста во светското детско кино.

Романскиот Галактички Имагинариум пак, се одржува во Тимисоара и е специјализиран фестивал за фантастика и научна фантастика.

„Неверојатно е чувството да видиш како една македонска приказна за помалку од две недели патува од Кина, преку Германија, па сè до Романија. Овие три фестивали се различни по својот карактер – еден е светски гигант, другиот е европска институција за детска публика, а третиот е специјализиран за фантастика. За мене тоа е доказ дека филмот зборува универзален јазик. Се надевам дека публиката насекаде ќе ја почувствува иста радост и возбуда како и ние кога го создававме,“ изјави режисерот Гоце Цветановски.

Македонски