Фински политичар пронајден мртов во парламентот во Хелсинки
Фински политичар починал во вторникот во зградата на парламентот во Хелсинки, јавува „Дејли Стар“. На местото веднаш реагирале полицијата и екипите за итна помош.
Шефот на парламентарното обезбедување, Аро Тоивонен, потврди дека во утринските часови е пронајдено тело и додаде дека случајот е преземен од полицијата. Првичните информации упатуваат дека станува збор за самоубиство.
Претседателот на парламентот, Јуси Хала-ахо, одби да даде коментар и ги упати медиумите да побараат официјални информации од полицијата.