Јапонија е една од најфасцинантните земји чијашто убавина плени и мами воздишки, не само што е препознатлива по извонредната архитектура, модерниот начин на живот и иновативната технологија, Јапонија нуди и многу повеќе доколку сте љубители на авантури и истражувања.
- Еве неколку интересни факти што се можеби помалку познати:
Во Јапонија јадењето е ритуал сам по себе, во основата на нештата почита завзема централно место, па така доколку во Јапонија ‘сркате’ гласно нудли, не е непочитување, туку напротив, преставува знак дека уживате во храната и многу храбро го искажувате тоа – доказ дека уживате со сите сетила.
Ако ви се допаднала услугата, и сакате да се заблагодарите на вообичаениот начин што го знаеме – ‘оставање на бакшиш’ тогаш треба да знаете дека во Јапонија се смета за некултурно, бидејќи добрата услуга и љубезност е нешто што само по себе се подразбира.
Јапонците уживаат во детали и мали подароци во кои е вложен голем напор за да изгледаат совршено, па така коцкестите лубеници често служат како скапи подароци или одличен декор.
Вендинг апаратите се неизбежен детал на секој чекор, не само што може да најдете храна, туку и многу други корисни работи од секојдневието.
Учениците носат униформи и самостојно го одржуваат заедничкиот простор.
Исто така Јапонците се познати по посветеноста и дисциплината на работното место, но и по модерната Јапонска ПОП-Култура која е светски феномен – со оглед дека има влијание врз модата, музиката, филмовите, технологијата и интернет-културата од причина што го спојува модерното и традиоционалното.
Во Токио постои цел еден дел посветен на аниме, гејминг, манга и технологија и не само тоа туку има и продавници со фигури, стари игри, аниме сувенири и VR-искуства.
Јапонија е земја каде што традицијата и технологијата живеат рамо до рамо – од древни храмови до футуристички возови, од чајни церемонии до аниме култура. Овие факти се само мал дел од богатството што Јапонија го нуди. Без разлика дали те интересира историја, храна, мода или модерна уметност – Јапонија има нешто што сигурно ќе те воодушеви.
 
			