Со новиот ребаланс на буџетот општина Аеродром не планира никакви средства наменети за приватниот сектор
Во време кога приватниот сектор во општина Аеродром бележи пад, а притоа Владата ревносно „се бори“ за да ги задржи и младите но и зголеми бизнисите на секој оној кој сака да работи во приватниот сектор, со новиот ребаланс на буџетот општина Аеродром не планирала никакви средства наменети за приватниот сектор во својата општина.
Советникот на ВМРО-Народна партија, Даниел Самарџиски од говорница го изрази својот револт кон ваквиот чекор на општината кој како што рече ги засега оние од кого администрацијата впрочем зема плата.