(НАЈНОВО) Вучиќ прогласи пораз: Студентската листа победи на вонредните парламентарни избори во Србија
Во момент кога сите очекуваа прогласување на победа од Српската напредна странка, Александар Вучиќ на прес-конференција призна пораз и најави дека нема да бега ниту од државата, ниту од одговорноста.
Претседателот на Србија и лидер на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ, на прес-конференција одржана пред неколку минути прогласи пораз на вонредните парламентарни избори и ја призна победата на листата „Студентите победуваат”.
Објавата дојде како целосен пресврт во момент кога јавноста и медиумите очекуваа СНС да прогласи победа, во согласност со претходните изборни циклуси и предизборните анкети кои ѝ даваа предност на владејачката партија.
„Нема бегање од одговорноста”
Во своето обраќање, Вучиќ нагласи дека прифаќа го изборниот резултат и дека нема да се повлече од јавниот живот.
„Нема да има никакво бегање ниту од државата, ниту од некакви одговорности”, изјави Вучиќ на прес-конференцијата.
Историски пресврт за Србија
Оваа изјава означува крај на долгогодишната доминација на СНС на српската политичка сцена и прва победа на опозициска листа по повеќе од една деценија. Листата „Студентите победуваат”, која произлезе од масовните протести по трагедијата во Нови Сад, успеа да ја мобилизира јавноста и да го претвори незадоволството во изборна победа.
Се очекуваат дополнителни детали за конечните резултати и распределбата на мандатите во Народното собрание.