Ново големо признание од ЕХФ: Митревски и Тодоровски ќе ја делат правдата на дербито меѓу Загреб и Цеље во Лигата на шампионите

14

Македонската судиска двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски доби ново престижно признание на меѓународната сцена, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) повторно им ја довери довербата за натпревар од највисок ранг.

Македонските арбитри се делегирани да ја делат правдата на претстојниот регионален ракометен дуел во рамките на елитната Лига на шампиони, во кој силите ќе ги одмерат хрватскиот првак Загреб и словенечкиот претставник Цеље.

Ова ново задолжение претставува уште една потврда за континуитетот, високиот професионализам и судискиот квалитет што Митревски и Тодоровски го демонстрираат на европските терени. Со редовните номинации за мечеви од ваков калибар, македонската судиска двојка останува цврсто позиционирана во самиот крем на европскиот ракомет.