ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛБАНИЈА: Потресот почувствуван во Струга и околината

7

Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово предизвика вознемиреност кај жителите на Струга и пограничниот регион. Според официјалните податоци, потресот бил почувствуван со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Телеметриската мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрираше дека епицентарот на земјотресот се наоѓа на околу 144 километри југозападно од главниот град.

Магнитудата на овој сеизмички настан изнесувала 4 степени според Рихтеровата скала. Засега нема информации за предизвикана материјална штета на територијата на Македонија, освен вообичаеното чувство на нишање во станбените објекти на повисоките кати во југозападниот дел на земјата.

Македонски