ПАДНАA ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ: Корисниците ширум светот пријавуваат сериозни проблеми со пристапот
Најпопуларните социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“ попладнево се соочуваат со големи технички пречки во функционирањето. Илјадници корисници ширум светот, вклучително и во земјава, пријавуваат неможност за пристап до своите профили.
Апликациите воопшто не ги вчитуваат содржините, додека кај голем дел од корисниците системот автоматски ги одјавил и не дозволува повторно логирање. Кај оние кои имаат пристап, пак, невозможно е освежување на вестите (news feed) или објавување нови статуси.
Проблемите се регистрирани на глобално ниво, а на специјализираните страници за мониторинг на веб-услуги, бројот на пријави за прекини рапидно расте секоја минута.
Од компанијата „Мета“ засега молчат и нема официјално соопштение за причините за овој пад, ниту пак проценка за тоа кога корисниците можат да очекуваат нормализирање на услугата.
На останатите социјални платформи веќе почнаа масовните реакции и шеги на сметка на прекинот, но за бизнисите и медиумите кои се потпираат на „Фејсбук“, ваквиот пад претставува сериозна пречка во работата.