Дел од Кисела Вода денеска без струја
Поради реализација на технички зафати за подобрување на електродистрибутивната мрежа, дел од корисниците во општина Кисела Вода денеска ќе се соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Според известувањето од ЕВН Македонија АД, без струја ќе биде дел од улицата „Јустинијан Први“. Прекинот е најавен во периодот од 08:30 до 14:30 часот.
Од компанијата појаснуваат дека станува збор за планирана интервенција во мрежата, а нормализирање на снабдувањето се очекува веднаш по завршување на предвидените работни активности на терен.