Воздушна тревога во Романија поради напад со дронови во близина на украинската граница

9

Во Романија синоќа беше прогласена воздушна тревога поради нов напад со дронови во близина на границата со Украина, соопшти Министерството за национална одбрана.

Предупредувањето било издадено до населението во источниот округ Тулча преку системот за итни известувања Ro-Alert. Пораката била испратена во 01:12 часот по локално време.

Според официјалните информации, два борбени авиони F-16 Fighting Falcon полетале од 86-тата воздухопловна база во Фетешти. Во исто време, радарските системи детектирале 15 дронови кои извршиле напади врз подрачјето на Измаил, на украинска територија.

Пилотите пријавиле повеќе експлозии од другата страна на реката Дунав, во близина на Измаил. Од Министерството нагласуваат дека не е регистрирано нарушување на романскиот воздушен простор.

Воздушната тревога била укината во 02:40 часот.

Од Министерството за одбрана информираат дека нивните сили остануваат во состојба на зголемена подготвеност, со засилени мерки за надзор и координација, со цел заштита на населението и територијалниот интегритет на земјата.

Македонски