Внимание возачи: Изменет сообраќаен режим в недела во Аеродром поради трката „Ѓоко Кузмановски“
Поради одржување на меморијалната трка „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, в недела (26 април) дел од булеварите во општина Аеродром ќе бидат затворени за сообраќај. Изменетиот режим ќе биде на сила во периодот од 09:00 до 13:30 часот, информираат организаторите.
Стартот и целта на трката се предвидени пред Спортскиот центар „Јане Сандански“, а натпреварувачите ќе се движат по клучни сообраќајници во овој дел од градот.
Делници затворени за сообраќај:
- Булевар АСНОМ: На потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до булеварот „Србија“.
- Улица „Васко Карангелевски“: Дел од улицата во правец кон поликлиниката „Мајчин дом“.
Сообраќајната полиција и службите на терен ќе вршат пренасочување на возилата по околните сообраќајници. Се апелира до граѓаните што планираат движење во овој дел од општината однапред да ги испланираат своите маршрути за да избегнат евентуални доцнења.
Меморијалната трка се одржува во чест на Ѓоко Кузмановски, а се очекува учество на голем број атлетичари и рекреативци.